12K+
обучени млади секоја година
Нашата приказна
Ги обучуваме младите луѓе со вештини и им даваме поддршка во процесот на водење проекти кои ги зајакнуваат нивните заедници.

Нашиот пристап
Создаваме мост меѓу идејата за глобален граѓански придонес и вистински промени во светот.
Приницпите на ГЛУ се засноваат на едноставно, но моќно сознание: заедниците напредуваат кога нивните млади луѓе водат. Не како идни лидери, туку како лидери на денешницата и во нивните заедници.
Преку нашата Академија за лидерство, апликацијата GLL и глобалната мрежа на партнери, ги обучуваме младите од заедниците коишто имаат ограничени ресурси со врвни лидерски алатки и ги вмрежуваме со ментори и создаваме младинска мрежа на лидери.
Секој младински проект за одржливост на заедниците што го започнуваат нашите учесници е доказ дека следната генерација не ги наследува само светските проблеми, туку и ги решава.
12K+
обучени млади секоја година
40+
земји со активни програми
94%
од учесниците ги забележале резултатите од нивниот придонес кон подобрување на заедницата
Во што веруваме ние?
Сè што работиме започнува со младите. Тие не се само учесници во нашата програма, тие се наши соработници, обучувачи и лидери.
Нашите програми се темелат на истражувања, се следат и оценуваат со јасно утврдени критериуми и постојано се подобруваат. Веруваме дека учењето е подеднакво важно како и подучувањето.
Им даваме приоритет на младите од заедниците со ограничени ресурси. Лидерскиот развој не треба да биде привилегија на веќе привилегираните.
Секоја програма е втемелена во локалниот контекст и култура. Нашата глобална мрежа го засилува локалното влијание, а не обратно.
Јавно ги објавуваме нашите финансии, податоците за придонесот и резултатите од програмите. Заслужувате да знаете точно како вашата поддршка создава промена.
Ние не само што ги обучуваме поединците, туку и ја менуваме околината што ги поттикнува младите да станат лидери. Нашата програма е создадена да биде структурна, а не само симптоматска.
Запознајте го тимот
Глобалниот тим кој го поддржува младинското лидерство и придонесот кон заедницата

Извршен директор
Д-р Рик Хатавеј е ко-основач и генерален директор на Global Learning Lab International. Пред да се приклучи на GLL, Рик Хатавеј беше потпретседател на Habitat for Humanity International, одговорен за целокупниот успех на активностите на Habitat за пристојно домување во десетици земји низ Европа, Азија, Африка и Блискиот Исток. Во текот на 35-годишна кариера и неговиот придонес кон заедницата, тој поддржувал волонтерски програми, работел на развој на одбори, мобилизација на фондови и развој на лидерство во 50 земји низ целиот свет. Во овој период, Рик и неговото семејство живееле во Нов Зеланд, Кореја, Филипини, Тајланд и Словачка.

Виш директор за програми и обуки
Робин А. Смит е коосновач и директор за меѓународни програми на Global Learning Lab, каде што ги води глобалните иницијативи на организацијата и развојот на програмите. Работното искуство вклучува позиција на директор за Непал и Индија на Академијата за лидерство на Habitat for Humanity, со мониторинг на програмите за развој на лидерство во двете земји.

Член на Управен одбор и интернационален обучувач
Д-р Роланд Б. Смит е ко-основач и член на одборот на Global Learning Lab International, со кариера што опфаќа лидерство, образование и социјално влијание низ повеќе региони и сектори. Неговата експертиза вклучува бизнис, образование и развој на заедницата, обликувана од неговото искуство од живеењето и работењето во Шри Ланка, Индија, Сингапур и Северна Америка.

Координатор за Македонија и интернационален обучувач
Милена е координатор за Македонија и законски застапник на Global Learning Lab Western Balkans, со седиште во Скопјe, со силен професионален фокус на младинско граѓанско ангажирање, развој на лидерство и влијание врз заедницата. Нејзината работа е водена од верувањето дека младите луѓе, кога се обучени со вистинските вештини и им се дадени вистинските можности, можат да станат активни чинители на позитивни промени во нивните заедници.

Раководител за развој на нови бизнис можности и интернационален обучувач
Сушма Б. Шреста е динамична лидерка со повеќе од една деценија искуство во јакнење на младите, развој на лидерство и одржливи иницијативи. Има големо искуство во обучување, фасилитирање и развој на ресурси за меѓународни невладини организации.

Мастер тренер
Суринду Гуневардена е координатор на програмата за Шри Ланка и мастер обучувач во Global Learning Lab, со искуство во бизнис анализа, човечки ресурси и развој на лидерство во различни индустрии. Работел со организации како што се Unilever и Fortude, каде што се специјализирал во анализа на бизнис процеси, брендирање на работодавачи и развој на таленти.

Интернационален обучувач
Александар Стојоски е меѓународен обучувач за лидерство, координатор за тренери и медиумски менаџер во Global Learning Lab Western Balkans. Неговото лидерско патување започна со учество во Академијата за младинско лидерство, каде што покажа силен интерес и посветеност на личен и професионален раст. По обуката, тој волонтираше во СОС Детско село осум недели, но поради неговата посветеност, продолжи да волонтира речиси една година. Подоцна напредуваше со завршување на програмата за обука на тренери и стана сертифициран тренер за лидерство. Оттогаш, Александар одржа повеќе од 10 обуки во градови како што се Скопјe, Штип и Битолa, како и на меѓународно ниво во Косово. Денес, тој активно работи на јакнење на младите луѓе и придонесува за развој на силни, успешни заедници на идни лидери.

Координатор за земја и интернационален обучувач
Прасун Раи е професионалец за развој со богато искуство во младинско лидерство, родова еднаквост и управување со партнерства во национални и меѓународни организации. Нејзината работа се фокусираше на јакнење на младите луѓе - особено младите жени и девојки преку пристапи за родова трансформација, партиципативно учење и пристапи водени од заедницата. Преку нејзините улоги во разни меѓувладини организации, таа координирала академии за лидерство, ко-дизајнирала наставни програми за обука, менторирала млади лидери и водела зајакнување на капацитетите на организациите на локално и граѓанско општество. Нејзината работа постојано нагласува соработка, вклучување, иновации и одржливо влијание, особено за младите луѓе.

Менаџер за социјални медиуми
Шазна Шамил е менаџер за социјални медиуми во Global Learning Lab, каде што раководи со стратешки комуникации и дигитално раскажување приказни за да ги засили гласовите и влијанието на младите креатори на промени низ глобалните програми. Нејзината работа се фокусира на пренесување на придонесот на терен во привлечни наративи, градење силно дигитално присуство и поттикнување на значајно ангажирање со разновидна публика.
Теорија на промени
Нашиот модел е заснован на верувањето дека промената во заедницата започнува со младите лидери и се шири преку вмрежување, проекти и поврзвување.
Оваа обука целосно го промени начинот на кој размислувам, водам и управувам со мојот бизнис. Сега сум посамоуверена, посоработлива и подобро подготвена да го развивам мојот тим и да придонесам за мојата заедница.
Менука Рајбанши
Младинска претприемачка и учесничка на Академијата за лидерство
Програмата ми ја покажа моќта на ангажманот во заедницата и ми помогна да прераснам во лидер. Денес го продолжувам тој пат со тоа што менторирам други да создаваат влијание во своите заедници.
Дора Бишковска
Помлада менторка и поранешна волонтерка на ГЛУ
Секој има своја планина што треба да ја искачи. Како планинар, научив дека до врвот се стигнува со издржливост, а преку Акадмијата за лидерство и обуката за обучувачи гледам како младите ја развиваат истата таа сила за да ги постигнат своите цели.
Пракаш Рај Пандеј
Планинар (освојувач на Еверест), водач на извидници и едукатор
Нашето партнерство создаде значајни можности за младите да водат, да иновираат и да поттикнуваат вистински промени. Заедно обликуваме генерација посветена на градење поодржлива иднина.
Махендра Кумар Гири
Извршен директор на Сахара Непал (партнерска организација)
Деновите овде порано ми беа долги и тивки, но со младите волонтери повторно станаа потопли и исполнети со живот. Изработката на предмети што подоцна се продаваа ми донесе чувство на гордост — како сè уште да имам нешто значајно да дадам.
Корисничка на услуги на дом за стари лица
Корисичка на проект за одржливи заедници
Придружете ни се
Вашата поддршка ја помага следната генерација младински лидери. Секој Ваш подарок значи придонес кон младите лидери.
Активни во Македонија, Шри Ланка, Хаваи, Косово, Непал, Северна Америка... И мрежата постојано расте.